На продажба столче скршено во нередите на „Максимир“

Интересни работи продаваат луѓето на интернет, а еден тотално невообичаен оглас се појавил во Србија. Постар навивач на „Црвена Ѕвезда“ одлучил да заработи на столче од стадионот Максимир во Загреб искршено по познатите нереди на натпреварот меѓу белградскиот тим и домашниот „Динамо“.

Во масовната тепачка меѓу навивачките групи на двата тима- „Бед блу бојс“ и „Делии“ се вмеша и полицијата, а тогашниот капитен на „Динамо“, Звонимир Бобан удри полицаец.

 

 

-Тој ден, 15 мај 1990 година бев со пријателите на северната трибина неколку часа пред почетокот на натпреварот. Прво кон нас долета сладолед од навививачите на „Динамо“, кои исто така беа сместени на „Север“, а потоа летна и шише- раскажува Миодраг на интернет страницата за огласи.

Според него, потоа од источната трибина каде почнале да ги гаѓаат со камења, а од силниот адреналин почнале да ги корнат столчињата, но и за да се заштитатод каменувањето.
– Во целиот хаос го напуштивме стадионот, а седиштето успеав да го прокриумчарам под јакната…Од тогаш го носев со мене каде и да престојував- вели Миодраг.
Тој за седиштето бара 24.000 денари или 200 евра.