На продажба 100 деловни простории во државна сопственост

На продажба 100 деловни простории во државна сопственост

Акционерското друшто за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, го објави вториот пакет на продажба на деловни простории во сопственост на Република Македонија. Се работи за 100 деловни простории во различни градови низ државата.

Имено најголем дел од деловните простории се наоѓаат во Скопје 34 простории на различни локации, во Куманово 12 деловни простории, во Прилеп 8, Велес 6, Гевгелија, Валандово и Струмица по 4 деловни простории, 3 во Битола, Кавадраци, Кичево и Штип, итн.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на деловен простор на територијата на Република Македонија.

Сите заинтересираните физички и правни лица мора да поднесат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат, за секој деловен објект поединечн и тоа најдоцна 30 дена од денот на објавата, по електронски пат на интернет страната: www.deloven–prostor.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи по електронски пат на следната интернет страна: www.deloven–prostor.mk.

Повеќе информации за секој деловниот објект поединечно, со број на катастарска парцела и катастарска општина каде се наоѓа деловниот простор, број на имотен лист, површина на деловниот простор (м2), вкупна почетна цена, банкарска гаранција за сериозност на понуда, рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање и времето на започнување на јавното наддавање,може да се најде на веб aдресата на акционерското друшво на www.addelpro,mk или на контакт телефон: +38923231-092,