На продажба 8 градежни парцели во Крушево со почетна цена од 61 денар

Општина Крушево распиша објава за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на индустриски објекти со основни класи Г2-лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси, Г4-стоваришта за индустриската зона Опаленик, КО Алданци, општина Крушево.

Станува збор за 8 градежни парцели, наменети за изградба на индустриски објекти со основни класи Г2, Г3, Г4, чија почетна цена на електронското јавно наддавање ќе изнесува 61 денар од метар квадратен посебно за секоја градежна парцела.

Пријави за учество на наддавањето може да се достават најдоцна до 24 септември 2014 година на интернет-страницатаwww.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање ќе се одржи по електронски пат на 1 октомври 2014 година.

Право на учество во јавните наддавања имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.