Македонија

На продажба пет парцели за изградба на лесна индустрија во Ѓорче Петров

На продажба пет парцели за изградба на лесна индустрија во Ѓорче Петров

Во локалитетот Стопански Двор во скопската општина Ѓорче Петров, се продаваат пет градежни парцели за изградба на сервиси и стоваришта.

Парцелите кои на продажба ги нуди Министертсвото за транспорт и врски се со површина од 4.821 до 7.433 метри квадратни .

Дозволената катност на објектите е П+1.

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање кое ќе се одржи на 18 март,треба да се достават најдоцна до 11 март. Почетната цена за парцелите изнесува 61 денар за квадратен метар.

 

Фото: Билд.мк