На продажба уште 7 локации за инвестиции во општина Илинден

Општина Илинден објави нови 7 атрактивни локации на градежно земјиште, со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање до утре до 16 часот.

Во прилог се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метар квадратен, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

500sropanski_kompleks_Ilind