На протестите во Тајланд убиено петгодишно девојче

Едно петгодишно девојче загина, а 30 лица се повредени во нападот на луѓе собрани на антивладините протести на истокот на Тајланд, соопшти утринава локалната полиција.

До инцидентите дошло, кога двајца од напаѓачите од возило отвориле оган на демонстрантите кои се собирале на градскиот плоштад во округот Као Самиг, околу 300 км источно од Бангкок.

Од 30 повредени, шестмина се во критична состојба, а меѓу нив и едно петгодишно девојче, изјави тајландскиот министер за здравство Супан Сритама.

Во текот на повеќемесечните протести на Тајланд кои имаат за цел да ја срушат власта на премиерката Јинглук Шинаватра вооружените напаѓачи главно во Бангкок, во неколку наврати извршиле напад од огнено оружје.