На Работнички му одговара и реми со погодоци

Шанса да напрват за историски успех, сличен на тој на Металург, имаат и фудбалерите на Работнички кои денеска, со почеток во 18:00 часот, го стартуваат реванш дуелот од 2. квалификациско коло од Лигата на шампиони, против финскиот претставник, Хелсинки.

Првиот дуел одигран на националната арена “Филип Втори” заврши без погодоци, а избраниците на Игор Ангеловски сега имаат обврска забележат било како триумф или да одиграа нерешено со погодци на тешкото гостување во Финска.
“Ќе биде тешко и неизвесно, исто како и на првиот меч. Не очекувам ниту големи промени кај противникот, посебно во тактиката, а јасно е, мора да има победник на утрешниот дуел. Токму затоа и очекувам да биде тоа едно тактичко надмудрување, како партија шах со мојот колега, тренерот на Хелсинки”, изјави предводникот на “романтичарите” за спортскиот портал “Екипа”.