На ред е градската пресметка во Купот на Шпанија

Каталонскиот гигант Барселона е вториот, а Атлетико (М) третиот патник во полуфиналната рунда од Купот на Шпанија.

Барселона без многу мака забележа убедлив триумф од 5:1 на реванш натпреварот против екипата на Леванте, а Атлетико (М) со 2:1 салвеше на тешкото гостување во Билбао.

Противник на Барса во полуфиналната рунда ќе биде подобриот од меѓусебната пресметка помеѓу екипите на Расиг Сантадер и Реал Сосиедад, првиот натпревар заврши со триумф на Сосиедад од 3:1, а вториот полуфинален дуел ќе понуди пресметка помеѓу градските ривали Реал (М) и Атлетико (М).

Резултати: Барселона – Леванте 5:1 – вкупно 9:1, Атлетик Б. – Атлетико М. 1:2 – вкупно 1:3.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.