На САД и се заканува финансиски колапс

Оваа година Вашингтон треба сериозно да се замисли околу иднината на фискалната политика на САД. Ако сега американските власти не го ревидираат својот економски курс, во блиска иднина на САД може да му се случи финансиски колапс.

Државниот долг на САД е најголем во светот и постојано се зголемува, што е вознемирувачки сигнал за финансиската положба на САД, истакнува во својот текст во изданието на „ The National Interests“, експертот за буџетски прашања и социјални програми, Елитон Акоста Фрејзер.

Како што пишува аналитичарот, само во последната година американските власти потрошиле 86 милијарди долари за специјални операции во странство, вклучувајќи ја кампањата во борбата против терористичката организација (ИСИС), сузбивање на Еболата во западна Африка како и воената помош за Украина.