На Саемот за вработување ќе се појават 80 компании

Саем за вработување на кој ќе се претстават 80 компании ќе биде одржан денес за прв пат, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Компаниите ќе ги презентираат своите потреби од кадар пред лица кои се баратели на работа.

На отворањето на Саемот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

До крајот на годината вакви саеми ќе се организираат во Неготино, Тетово, Штип, Охрид, Струмица, Куманово и Битола.