На секои 40 секунди во светот има по едно самоубиство

На секои 40 секунди се случува по едно самоубиство во светот, што изнесува околу 800 илјади самоубиства годишно, соопштуваат од СЗО.

Според податоци од 2012 година, стапката на самоубиства од 12,7 на 100.000 жители е регистрирана во високо развиени држави, додека во државите со средни или ниски приходи таа цифра е 11,2.

Најголема стапка на самоубиства (44,2) е регистрирана во Гвајана, Северна Кореја (38,5) и Јужна Кореја (28,9). Во европски рамки предничи Литванија со стапка од 28,2.

Во богатите држави најчест повод за самоубиство е депресија додека во сиромашните е – заразна болест најчест мотив за самоубиство.