На шест се зголеми бројот на жртвите во несреќата на возот во Вашингтон

© AP Photo / Danae Orlob

Најмалку шест луѓе загинале и уште 77 други се хоспитализирани како резултат на излетувањето на железничка композиција од шините и откако еден вагон падна на автопат во американската сојузна држава Вашингтон во понеделникот, пишува електронското издание на весникот Siattle Times.

Портпаролот на шерифот на округот Пирс, Ед Тројер, изјави дека во несреќата има „бројни жртви“, како и повредени меѓу патниците во патничкиот воз, но и возачи и патници на автомобили врз кои паднал еден од вагоните.

Хаваријата се случи на железничкиот надвозник во 7,40 часот по локално време во понеделникот во близина на местото Дупонт, 80 километри јужно од Сиетл, во сојузната држава Вашингтон. Вагонот кој излетал од шините паднал директно на автопатот I-5, а еден останал да виси над него.

Железничката компанија „Amtrak“ која е оператори на линијата, соопшти дека брзиот воз 501 се сообраќал на линијата меѓу Сиетл и Портланд во понеделникот утрото по новиот железнички правец отворен претходно годинава со цел да се олесни задушувањето на железничкиот сообраќај меѓу местата Такома и Олимпија.