На штипска „Пастрмалијада 2014“ ќе пее и Жељко Јоксимовиќ

Организаторот на штипската „Пастрмалијада 2014“, ја утврди листата на изведувачи кои ќе настапат на годинашнава манифестација која ќе се оддржи од 25 до 27 септември. Првиот ден, 25 септември или четврток е резервиран за Македонски изведувачи, иако тие ќе настапуваат и во текот на следните два дена. Главна ѕвезда е пејачката Елена Ристеска која ќе настапи во 23 часот, а исто така ќе настапи Маја Вукичевиќ и Боби Мојсовски. Точно на пладне ќе биде претставена џиновската поастрмалија а вечерта во 19 часот е свеченото отворање, пренесува „1.мк“.

Во петок, 26 септеври, на пладне е предвидена традиционалната трка на келнери а ќе настапат Ванчо Тарабунов, Ферус и Биг бенд со специјален гостин кој е изненадување, Соња Тарчуловска и ѕвездата на вечерта, пејачот Аца Лукас.

Во сабота на 27 септември, во 12:00 часот е предвиден натпреварот во брзо јадење на пастрмалии а во 13 часот изборот на најубаво украсен штанд. Музичката програма оваа вечер ќе ја започнат Аре Брадерс Бенд, потоа следи Александар Тарабунов и потоа финале за српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, кој е ново изненадување на организаторот. Исто така ќе настапат и ѕвездите на Х-фактор, Маид Хачимовиќ, Тамара Милановиќ, Лукијан Ивановиќ и Алекса Перовиќ. Заради одредени обврски, Дивље Јагоде и Наташа Беквалац нема да учествуваат на годинашнава „Пасррмалијада 2014“. Инаку секоја вечер, по 1 часот по полноќ е предвидено забавата да продолжи со техно-денс музика за што се ангажирани неколку диск-џокеи од кои и две имиња од странство. Исто така, секој ден од манифестацијата, предвидена е музичка содржина во континуитет по 10:30 часот при што се предвидени настапи и на фолк музичари, културно-уметнички друштва, поп и рок групи, солисти и други изведувачи.