На штипскиот Универзитет промовиранаа спомен соба на Гоце Делчев

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, денес беше промовиран новиот Ректорат, кој се наоѓа во некогашното училиште во кое учителствувал Гоце Делчев. Ова школо, кое со години беше оставено на пропаѓање, УГД, започна да го реконструира откако го доби во владение. Реконструирана е фасадата, како и внатрешност а најголемо изненадување за јавноста е отворањето на спомен соба на идеологот на македонското револуционерно движење, Гопце Делчв, по кого и Универзитетот во Штип е именуван,пренесува порталот „1.мк“.

ugd10

Во просторијата, ги има камата и пиштолот како заклетва на комитите, поставени се големи постер-панели во кои со фотографија и текст се претставени сегменти од животот на Делчев додека бил во Ново Село а сочувани се и оригиналните клупи од времето кога тој бил даскал, во кои седеле неговите ученици.

ugd11

– Клупите потекнуваат од период, додека Делчев бил тука. Истите беа во училиштето и со почетокот на обновата, немаше двојба дека Делчев треба да добие спомен соба а овие историски предмети да сведочат за неговото големо дело во Штип – истакна Ректорот на УГД, проф.д-р Саша Митрев.

ugd7

На отворањето на Ректоратот и промовирањето на спомен собата на Делчев присуствуваа и Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев.Претохдно во дворот на ректоратот беше откриена споменик-бистата на Гоце Делчев.

ugd8