На синот на Трамп и поранешниот шеф на кампањата одобрено им е сведочење пред Конгресот

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп и на поранешниот шеф на неговата претседателска кампања добија одобрување од специјалниот советник на Белата куќа јавно да сведочат пред Конгресот во рамките на пошироката истрага за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година објави во вторникот сенаторката од Демократската партија во Комитетот за правда на Сенатот.

Американската демократска сенаторка Диан Фејнстејн изјави за новинарите дека специјалниот советник, поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Роберт Мјулер, изјавил дека Доналд Трамп помладиот и поранешниот шеф на претседателската кампања на неговиот татко Пол Манафорт, можат да сведочат.

Мјулер ги истражува тврдењата на американските разузнавачки служби за наводното руско мешање во американските претседателски избори и за наводниот таен договор меѓу владата во Москва и изборниот штаб на претседателската кампања.

Фејнстејн изјави дека комитетот планира сведочењето да биде дел од пошироко сослушување кое беше закажано за во средата, но сега е одложено. Не можела да потврди дали сослушувањето ќе се одржи следната седмица.

Доколку синот на Трамп се појави пред комитетот за правда тоа би бил најголемиот член на внатрешниот круг од членови на семејството и соработници во Белата куќа кој би сведочел пред Конгресот по обвинувањата за наводните врски со Русија. Вакви истраги отворија неколку конгресни комитети.

Обвинувањата доминираа во првите шест месеци од мандатот на Трамп. Русија ги негира ваквите обвинувања и ги нарекува „русофобна хистерија“ којашто е резултат на превирањата на американската политичка сцена.

Синот на претседателот на САД, која ја води семејната компанија „Trump Organization“ минатата седмица ги објави електронските пораки во кои во јуни 2016 година се согласува да се сретне со руска адвокатка којашто требала да му даде информации за му доставила информации во врска со британскиот финансиер Вилијам Броудер, кој во Русија претходно е суден за даночни измами и во отсуство е осуден на деветгодишна затворска казна, а донирал во американската Демократска партија, чија кандидатка Хилари Клинтон беше противкандидат на неговиот татко Доналд Трамп на ланските претседателски избори.

Маж кој работи во Москва е поврзан со Трамп е идентификуван во вторникот како осмата личност којашто присуствувала на њујоршкиот состанок на Доналд Трамп помладиот и адвокатката Наталија Веселницкаја.

Адвокатот Скот Балбер го потврдил за Reuters името на Ираклиј Кавеладзе откако телевизијата CNN објави дека специјалниот советник на обвинителите на Мјулер го идентификуваше својот клиент, како и дека учествува во истрагата.

На профилот на LinkedIn на Кавеладзе е наведено дека тој е потпретседател на „Crocus Grupe“ компанија чиешто седиште е во Москва.  Тој во САД ги застапувал интересите на
рускиот бизнисмен Араз Агаларов и неговиот син Емин.  Според Балбер, тој требал да послужи како преведувач на состанокот со руската адвокатка, но таа со себе довела свој преведувач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.