На смрт осудени 529 приврзаници на Морси

Судот во Египет денеска на смрт осуди 529 приврзаници на поранешниот исламистички претседател Мохамед Морси, по масовното судење на основа на обвиненијата за убиство на еден полицаев и напад на полиција.

Судот во југот на земјата, во градот Мини, изрекол пресуда по само две рочишта, а адвокатите на обвинетите се жалат дека во текот на процесот не им било овозоможено да ги изнесат аргументите на одбраната.

Повеќе од 150 обвинети присуствувале на судењето, додека на останатите им било судено во отсуство бидејќи се во бегство, а 16 од нив се ослободени.

Осудените 529 членови на движењето Муслимански браќа се дел од групата на 545 приврзаници на Морси против кои е покрената кривична постапка поради убиство на еден полицаец и обид за убиство на уште двајца приврзаници на полициски сили, како и поради нападот на полициската станица и на други акти на насилство.