Магазин

На сопругата на Џони Деп и се заканува затвор

На сопругата на Џони Деп и се заканува затвор

Сопругата на славниот актер Џони Деп, Амбер Херд е обвинета поради нелегално внесување на две кучиња во Австралија поради што и се заканува казна затвор од десет години.

Новото судско рочиште е закажано за 2 ноември.

Обвинението против Амбер е покренато во јули поради нелегално внесување на две кучиња и поради тоа што за нив приложила лажни документи на царинската контрола.

Инцидентот во мај го привлече вниманието на светската јавност, а австралискиот министер за земјоделство се закани дека кучињата ќе бидат успиени доколку не ја напуштат земјата, по што животните се однесени од Австралија.

Имено, Австралија има строги правила на карантин за животни, со цел да се спречи ширење на болести како што е беснило.

Брачната двојка иако ги вратила своите миленици дома, обвинение сепак било покренато, но само против Амбер.

Доколку биде прогласена за виновна, сопругата на Џони Деп би можела да добие парична казна од 100.000 долари и затворска казна во период од 10 години.