На соросоидите и опозиционерите сега и ЕУ им е виновна

Опозицискиот аналитичар Едмонд Адеми, кој долги години беше член на ЦО на СДСМ преку статус на Фејсбук се нафрли со навреди и дисквалификации врз шефот на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини, објави порталот Курир.

Адеми во својот статус соопштението на ЕУ  го нарекува “одвратно и срамно“, видно незадоволен од пораката која пристигна од Брисел по денешната акција и обелоденувањето дека за да дојде на власт Зоран Заев соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок.

– Федерика Могерини, дали сте вие свесна што се пишува во вашата канцеларија? Доколку сте свесна, тоа е срамно, одвратно и целосно без чувство, напиша Адеми.

Во соопштението од Брисел вечерва беше порачано дека обвинувањата се сериозни и треба да се истражат.

– Ова се многу сериозни обвиненија и ние потсетуваме на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага во случај на било-какво наводно погрешно работење, целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со законот и меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност Политичките партии треба да се воздржуваат од дејствија што уште повеќе ќе ја поткопа ситуација, се вели во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.

На соросоидите и опозиционерите откако Зоран Заев беше фатен на дело, сега и ЕУ им е виновна, па долгогодишниот член на ЦО на СДСМ и опозициски аналитичар отворено удри по шефот на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини.

фото: Курир