На состанокот меѓу Лавров и Кери, наместо руското го ставиле српското знаме

На состанокот меѓу Лавров и Кери, наместо руското го ставиле српското знаме. Вработените во Стејт депртментот го поставиле руското снаме наопаку во конференциската сала во Цирих пред состанокот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, јавува „Танјуг“.

На тој начин покрај знамето на САД наместо руското, се нашло српското знаме

Пред почетокот на состанокот, на кој тем на разговор беше ситуацијата во Сирија, на Блискиот Исток и во Украина еден снимател го предупредил Глен Џонсон, заменик помошник државен секретар на САД за односи со јавност дека руското знаме е закачено наопаку.