На спиење ограбена и повредена жена во Слатино

Утрово околу три часот во селото Слатино, во куќата на Ф.Ј. непознат маскиран насилник со нож ја нападнал истата при што и одзел 350 евра.

Имено, сторителот влегол во куќата, ја разбудил Ф.Ј. и со закана со нож и побарал пари, по што таа му дала 350 евра.

На излегување, сторителот ја повредил оштетената во пределот на раката.