На списокот за “Златна топка” останаа уште тројца

Лионел Меси и Кристијано Роналдо и оваа сезона се меѓу тројцата во изборот, а друштво им прави и Бразилецот Нејмар.

Свечената церемонија на ФИФА ќе се одржи на 11 јануари во Цирих, кога ќе биде познато и името на добитникот на големото признание.

Овојпат сите тројца фудбалери доаѓаат од Примера дивизион, а Барселона е двојно повеќе застапена од ривалот Реал Мадрид. Интересно е дека цели десет години во изборот на тројцата најдобри не влегува фудбалер од Премиер – лигата. Тоа последен пат се случи во 2005 година, кога беше номиниран Франк Лампард.

Во женска конкуренција, списокот на трите најдобри фудбалерки од која ќе биде одбран лауреатот го сочинуваат Американката Карли Лојд, Јапонката Аја Мијама и Германката Селија Шашиќ.