На српска граница фатен германски државјанин со над 1.000 детонатори

На граничниот премин Батровци во Србија, пред два дена бил уапсен германски државјанин кај кого биле пронајдени десет пакети со 1.002 детонатори за експлозив, пишува српски „Курир“.

Оваа заплена е резултат на засилената контрола на полицијата на граничните премини поради можните терористички напади, како и поради ситуацијата во Македонија.

Зоран Драгишиќ, професор на Факултетот за безбедност, вели дека во овој момент е најважно да се открие за кого била наменета пратката.

– Оној што порачал толку голема количина детонатори има и големо количество експлозиви. Постои можност детонаторите да биле наменети за некоја терористичка организација, вели Драгишиќ.

Тој додава дека детонаторите што се пронајдени во комбинација со експлозивот што ќе го активираат би можеле да направат огромна штета.

фото: Курир.рс