На Св. Трифун исплатени субвенции за лозарите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и неговиот колега од Хрватска, Тихомир Јаковина беа гости на винарските визби „Тиквеш“ и „Визба Валандово“ на годинешното закројување на лозите во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите.

Министерот Димовски на настанот што се одржа на лозовите настани на винарската визба Тиквеш во Лепово истакна дека е задоволство да  се биде со лозарите и потенцираше дека ова производство станува стратешки сектор во Македонија за кој предвиде добра иднина и во следниот период ќе посветат внимание во развојот на овој сектор.

„Задоволство ми е да кажам дека денеска се исплатени 380 милиони денари субвенции за производителите на заедничкиот празник ќе може да си ги подигнат овие средства“, изјави Димовски.

Денеска и утре министерот Димовски е домаќин на неговиот колега Јаковина со кого разговараат за размена на искуства на патот кон Европската Унија. Јаковина истакна дека е задоволство да се биде тука и да се види традицијата, културата и обичаите во овој крај. Тој додаде дека со македонското министерство имаат одлична соработка не само во размената на искуства, туку и во соработката на заеднички проекти. За значењето на лозарството во Македонија говорат и последните податоци според кои винарските визби откупиле 168 илјади тони винско грозје, над 190 илјади тони вино било пласирано во домашните капацитети, а мал дел бил наменет за извоз. Извозот на македонско флаширано вино исто така е рекордно лани со што биле извезени над 12 милиони литри вино или над 60 илјади шишиња на ден. Според Димовски, ова  е резултат на квалитетот на виното, меѓутоа и на стратегијата за освојување на нови пазари.

Директорот на „Тиквеш“, Игор Илиевски вели дека ова е посебен ден и празник за лозарите и симболичен почеток на нова винска година. Се надева на добар род и квалитетен производ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.