На Табановце и Богородица се чека по 30 минути

На граничните премини Богородица и Табановце за излез од државата, возилата се задржуваат до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.