На „Табановце“ приведен дилер на дрога по кој се трагало

На граничен премин „Табановце“, вчера во 12.40 часот при пасошка контрола констатирано е дека А.С. (37) од Скопје евидира на СТОП-Листа и е предмет на потрага за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.

Истиот е приведен и во 14.10 часот, со Потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.