На Таксим на 1. мај ќе бидат распоредени 10.000 полицајци

На и околу централниот истанбулски плоштад Таксим на 1. мај ќе бидат распоредени 10.000 полицајци за да спречат митинзи на антивладините групи, објави „Хуриет“.

Весникот наведува и дека полицијата подготвува и воени топови и други средства за растурање на протести.

Минатата година околу 40.000 полицајци беа распоредени во Истанбул, кои целосно го блокираа градот на Меѓународниот ден на трудот. Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите,

Синдикатите и невладините организации за 1. мај најавија демонстрации, но не прецизираа каде ќе се одржат.

Турските власти и оваа година забранија демонстрации на 1. мај на плоштадот