На Токсикологија мирно – нема прејадени, ниту препиени

Годинава за Велигден на Токсикологија нема ниту еден прејаден, ниту препиен пациент.
За разлика од минатите години, кога биле третирани и по околу 30-тина затруени граѓани овој продолжен празничен викенд помош на клиниката немало граѓани кои претерале со мрсна храна и јајца во комбинација со алкохол.

Во изјава за „Здравство 24“ директорот на Клиниката д-р Нестор Поповски вели дека ваква мирна состојба без прејадени пациенти на токсикологија не памети повеќе од 27 години колку што работи на Клиниката.

Д-р Поповски советува умерено да се јаде и денеска и утре и граѓаните да не претеруваат со мрсната храна и јајцата за да немаат проблеми со желудникот, жолчката и панкреасот.

Инфектолозите предупредуваат велигденските јајца да се јадат до третиот ден од варењето поради бојадисувањето за да се избегне евентуално труење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.