четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

На Токсикологија примени 30 лица, најмладиот има 14 години

toksikologija-skopje

Поврзани вести

Во текот на новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија биле примени 30 лица во алкохолизирана состојба. Од нив 60 отсто се мажи и 40 отсто се жени. Оценката е дека Новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија помина релативно мирно.

Како што појасни доктор Нестор Поповски на прес конференција, во текот на минатата ноќ биле хоспитализирани шест малолетни лица од кои што најмалиот пациент имал 14 години.

Три лица биле под дејство на марихуана, екстази и други психотропни супстанции. Од примените лица, никој не е задржан и сите се пуштени на домашна нега.

Релативно мирна ноќ и на Клиниката за хирургија

На клиниката за хирургија новогодишната ноќ исто така поминала мирно, рече Јасмина Чабукоска. Примени се вкупно 97 пациенти од кои што шест се повредени во сообраќајки и шест во тепачки.

Релативно мирна ноќ и на Клиниката за хирургија

Релативно мирна ноќ и на Клиниката за хирургија

На итната медицинска помош извршени се 62 интервенции од кои што осум биле во алкохолизирана состојба. Едно лице повредено во сообраќајка е пренесено во ургентниот центар. На пунктовите на Итната медицинска помош извршени се 145 интервенции, од кои што има еден алкохолизиран малолетник.

Во Ургентниот центар прегледани се 63 пациенти од кои што 12 се повредени во сообраќајки, шестмина во физички пресметки. Од примените пациенти тројца се упатени на клиниката за трауматологија, а еден од нив е посериозно повреден во сообраќајка. Станува збор за младо момче од околу 20 години.

Најчитани вести