На Томислав Салопек сепак не му е исечена главата

На Томислав Салопек сепак не му е исечена главата - Еве што се случува со него
На Томислав Салопек сепак не му е исечена главата - Еве што се случува со него

Според неофицијалните информации, преговорите за ослободувањето на Хрватот Томислав Салопек се во тек, а Египетската држава се вклучила во преговорит, кои, според неофицијални извори „имаат големи шанси да бидат завршени успешно“, пишува српски „Телеграф

По вчерашната шпекулација дека Томислав Салопек е убиен, пренесена од порталот „Newsday247“, сепак се воспостави дека оваа драма сеуште нема трагичен епилог,  И дека постои надеж за човекот за кого се моли целиот Балкан.

Египетските власти ја интензивираа потрагата по Салопек, во која се вклучени и хеликоптери од типот „Апачи“, а безбедносните сили претресоа неколку локации, кои важат за упоришта на терористите.

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави дека егитеските сили претресле повеќе локации во градовите Шеик Зувеид, Рафах и Ариш, во обид да го откријат местото на кое џихадистите го држат Салопек.

Француската амбасадорка во Хрватска, Мишел Бокоз синоќа изјави дека во „последните николку часа дошло да значаен напредок“ во преговорите со екстремиситите за ослободување на киднапираниот Салопек.

– Француската Влада е во контакт со египетските колеги и можеме да кажеме дека египетските власти во моментов се клучниот фактор. Тие упорно работат на случајот и колку што ни е познато во последниве часови доста напредуваа, така што сме сигурни дека ќе направат се што е во нивна можност за да го ослободат господин Салопек, изјави Бокоз.

Салопек, кој работи за една француска компанија во Египет, беше киднапиран во близината на Каиро, по што во средата џихадистичката група, која себе си се нарекува Провниција Синај на Исламската држава, на интерент објави видео во кое се тврди дека 30-годишниот Хрват ќе биде убиен, доколку во рок од 48 часа египетските власти не ги ослободат од затворите „муслманските жени“.

Крајниот рок на ултиматумот истече во петокот во 17:35 часот по средноевропско време, ни засега нема официјални информации за судбината на Салопек.

Салопек (31) е киднапиран од египетски џихадисти, кои се закануваат дека ќе го убијат доколку египетската влада не ослободи муслимански жени затворени во египетските затвори.
Салопек (31) е киднапиран од египетски џихадисти, кои се закануваат дека ќе го убијат доколку египетската влада не ослободи муслимански жени затворени во египетските затвори.

Да потсетиме, Томислав Салопек (31) е киднапиран од египетски џихадисти, кои се закануваат дека ќе го убијат доколку египетската влада не ослободи муслимански жени затворени во египетските затвори.
Салопек долги години работи во странство, а освен во Египет, работел и во Ирак, Чешка и во Либија.

 

Поврзани вести:

Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!

Таткото на Хрватот киднапиран од ИСИС: Син ми само заработуваше леб за своите деца

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.