На тренерката на Јелена најден ДНК материјал од свекрвата

Една од изолираните ДНК траги што биле најдени на тренерката на Јелена Марјановиќ (33) која беше убиена пред повеќе од еден месец припаѓа на нејзината свекрва Зорица Марјановиќ, но ова, сепак не е доказ што би можел да ја доведе полицијата до решавање на убиството, пишува српски „Курир“.

Полицијата на почетокот на истрагата зема ДНК примероци од сите членови на семејството, меѓу кои била и свекрвата. Со оглед на тоа дека Јелена живеела со нив, воопшто не е чудно што нејзината ДНК е најдена. Ни по ова сознание полицијата нема доказ дека споменатата жена е евентуален извршител на убиството, објаснува извор близок до истрагата.

Според неговите зборови, истрагата се сомнева дека женска личност би можеле да и’ нанесе толку голем број на удари.

На Јелена на неколку места и беше скршен черепот од јачината на ударите. Според нашето искуство, ретко дека некоја жена може така да удира. Мислиме, сепак дека убиецот е маж со посилна конституција. Можно е некоја женска личност да е само помагаш. Сепак истрагата наскоро се ќе разјасни, вели изворот.