На убиецот на Лука му се заканува 10 години затворска казна

Триесет и три годишниот Марко Миличев вчера е обвинет дека на 25 јули предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина 21-годишниот Лука Јовановиќ, дознава српски Ало.

Тој  се товари за тешко дело против бебедноста на јавниот сообртаќај, ќе биде казнет за непружање на прва помош на лицето кое е повредено во сообраќајната несреќа, за што му се заканува затворска казна од 10 години  и 11 месеци .

Покрај Марко, обвинет е и неговиот кум Братислав Вешовиќ Вешо и таксистот Саша Јанковиќ, кои се товарат за помагање.

На Миличев вчера му беше продолжен притворот кој му е одреден на 19 август. За него беше распишана потерница, бидејќи беше во бегство, и беше усапсен на  29 август во Кина.