На Украина сепак не и ја одзедоа победата!

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја објави својата верзија за контроверзниот случај со победничката песна на Украина на тукушто завршената Евровизија, во Стокхолм, Шведска.

Правилото кое се наведува дека композициите учеснички на Песна за Евровизија не смеат да бидат објавени комерцијално пред 1 октомври, служи за на натпреварот да учествуваат  нови песни секоја година, и сите тие да имаат поеднакви услови и шанси. Целта на ова правило е да се спречи комерцијалната и медиумска дистрибуцијата на песната, со што таа би се здобила со  нефер предност во однос на конкуренцијата.

И во минатото, некои песни беа јавно достапни пред тој датум, но тие не беа достапни на пошироката публика, па затоа и на тие песни им беше дозволено да учествуваат на Евровизија, велат во ЕБУ.

Случајот на Џамала и нејзината песна „1944 година“ го привлече вниманието на ЕБУ заради снимката од нејзиниот  перформанс од 18 мај 2015 година. Снимката на нејзиниот мал концерт наводно имал само мал број прегледи ( неколку стотини пати )до моментот кога беше откриена, пред неколку дена.

ЕБУ водени од минатото искуство, решија дека порано објавеното видео на Џамала не и дало нефер предност над другите песни – учеснички на годинешниот Евросонг и со тоа песната според правилата можела да се натпреварува!!!

Да потсетиме, неодамна се откриени снимки од Џамала, кога таа песната ја пее на 18 мај 2015 година во Киев на денот на комеморацијата посветена  на етничкото чистење и депортацијата на кримските Татари, многу  порано отколку што според  правилата на ЕБУ, смеела јавно да ја изведе.

Сепак, ЕБУ одлучи во нејзиниот случај флексибилно да ги толкува правилата, така што од одземање на евровизиската победа на Украина нема да има ништо!