Спорт

На Вермален му пукна филмот

На Вермален му пукна филмот

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал ја пласираше информацијата дека белгискиот интернационалец Томас Вермален е екстремно разочаран од минутажата која ја добил во сега веќе изминатата сезона од англиската Премиер лига и пред неколку дена побарал да биде продаден за време на летниот преоден рок.

„Вермален веќе не крие дека е екстремно разочаран од минутажата која ја доби во изминатата сезона. Толку е разочаран што пред неколку дена имаше состанок со клупските челници и за време на истиот им соопштил дека сака да биде продаден за време на летниот преоден рок. Томас е свесен дека со таквата сромна минутажа ќе го загуби и статусот кој го има во репрезентацијата на Белгија. Голема е веројатноста дека ќе ја грее клупата за резервни фудбалери и на престојниот Мундијал во Бразил”, изјави анонимниот извор.

Централниот дефанзивец на Арсенал е проценет на 10 милиони фунти, а до пред неколку месеци, најзаинтересирани за неговите услуги беа раководните лица на каталонскиот гигант Барселона.