На Волстрит нов рекорд на S&P 500 индексот

На њујоршки Волстрит во понеделникот цените на акциите пораснаа, и притоа индексите S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа, благодарејќи на растот на цените на нафтата и на акциите во технолошкиот сектор по масовниот кибернетички напад во светот.

Инексот Dow Jones зајакна за 0,41 отсто, на 20.981 поен, додека индексот S&P 500 порасна за 0,48 отсто, на 2.402 поени, a Nasdaq индексот скокна за 0,46 отсто, на 6.149 индексни поени.

Новиот рекорд на индексот S&P 500 дојде благодарејќи на растот во енергетскиот сектор, бидејќи цените на нафтата ги достигнаа највисоките нивоа во последните три години, откако Саудиска Арабија и Русија порачаа дека договореното намалување на производството на членките на Организацијата на земјите извознички (OPEC) и некои земји надвор од овој картел би требало да го продолжат до почетокот на 2018 година.

Минатата година најголемите светски производители договорија намалување на произвдоството за 1,8 милиони барели дневно во првата половина од годинава, но бидејќи тој потег не доведе до позначително намалување на јазот меѓу преголемата понуда и недоволно силната побарувачка, OPEC разгледува продоллжување на ваквите кастрења и во втората половина од оваа годна, па дури и на почетокот од следната.

„Пазарот на нафтата добро реагираѓе и тоа го поддржа пазарот на капиталот“, вели за Reuters Р.Џ Грант, директор во компанијата „Keefe, Bruyette & Woods“.

Новиот рекорд на Nasdaq индексот, пак, додје благодарејќи на цените на акциите во технолошкиот сектор, бидејќи се очекува дека компаниите и властите повеќе ќе трошат на заштитата на информатичките системи по масовниот кибернетички напад со уценувачкиот софтвер кој во текот на изминатиот викенд погоди компјутерски мрежи на компании и јавни установи во повеќе од 150 земји во светот.

Вложувачите беа охрабрени и од добрите показатели од пазарот на недвижнини, што ги поддржа надежите дека растот на американската економија, сепак, би можел да забрза по забавувањето во првиот квартал.

Благодарејќи на споменатото, во понеделникот пораснаа цените на акциите во 9 од 11-те сектори на индексот S&P 500, па овој и индексот Dow Jones ја надоместија целата загуба од минатата седмица.