На втората фаланга и се суди без артефакти

Шифрирани телефонски разговори, докази само со сведочење на сведок кој нема кредибилитет, квази вештаци без никакви сертификати и лиценци се само дел од доказите кои одбраната ги посочи на завршните зборови за случајот „Фаланга 2“.

Адвокатот на пет обвинети во случајот за случајот за нелегално ископување и продавање на артефакти, Звонко Давидовиќ, во завршните зборови вели дека во овој случај делумно важела презумпцијата на невиност, како и дека на обвинетите во случај за артефакти им се суди без никаков материјален доказ.

„Во целиот главен претрес не беше покажан ниеден артефакт, имавме само сведочење на лице кое не знаело што се тоа артефакти и тој збор го дознал од телевизија. Квази вештаците кои ни ги понуди обвинителството, немааа никаква стручност, доказите ги вештачеле врз основа на поглед и допир без да употребат ниедна современа алатка“, рече адвокатот Давидовиќ.

Давидовиќ во одбрана на неговите штитеници додаде дека од ниедна видео и аудио снимка не може да се уочи дека лицата дејствувале заедно како група.

5C5E49736D7BD140BFC63A9C6916A340

„Обвинителството ни посочи неколку транскрипти во кои обвинетите разговараат за шлепери и автоделови, што и всушност е дел од нивниот бизнис. Никаде не се спомнати ни артефакти, ни локации. Срамота е за зборови да се лежи затвор и за случај за артефакти да се суди без нив. Во главниот претрес беа споменати ќуп со златници тежок 3-4 кила, сребрени садови, меч, шноли, украси за глава, три фигури, бронзена, мермерна и камена плоча, монети од тускиот период и римско време, бронзен шлем, пехари, штиови, копја, но ниеден од нив не ги видовме како докази“, додаде Давидовиќ.

ФАЛАНГА

Тој на крај побара ослободителна пресуда за своите клиенти.

На денешните завршни зборови, свое излагање имаше и адвокатот на обвинетиот Шефкет Сејфулов, Дејан Дончевски кој посочи дека обвинителството немало никакви докази дека Сејфулов се познавал со групата која се соминичи за злосторничко здружување бидејќи, како што вели Дончевски, името или презимето на Сејфулов не е никаде споменато, само во транскриптите се споменати „Циганите од Кавадарци“. И Дончевски на крајот од своето излагање побара ослободителна пресуда за Сејфулов и побара Судот да донесе поединечна пресуда за делата за кои се товарат обвинетите.

За случајот „Фаланга 2“, најпрво осомничени беа 16 лица, од кои двајца се во Србија. За едниот од нив од Германија беше побарана екстрадиција, но Германија, обвинетиот не и го испорача на Македонија, туку го препрати во Србија.