На Заев му е неопходна трговија со албански гласови

По ослободувањето на Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу, лидерот на СДСМ и претседател на Владата Зоран Заев, преку своите медиуми и партиски послушници во правосудството кому уште пред изборите му укинуваше закани повлече уште еден скандалозен потег во обидот да тргува и манипулира со албански гласови во пресрет на изборите закажани за 15-ти октомври.

На десетина дена пред одржувањето на локалните избори процесот за масакрот на Велигден кај Смилковското езеро доживеа „пресврт“ по волјата на Зоран Заев кој уште пред две години манипулираше со некакви снимки „бомби“ кои инаку никогаш не ги емитуваше во јавноста тврдејќи дека осудените убијци се невини. Тоа, бездруго претставува уште еден обид на Заев да тргува со албанските гласови, во надеж дека тие ќе им помогнат на некои од киандидатите на СДСМ на претстојните избори. Таквиот инженеринг се покажа спасоносен за Заев на предрвемените парламентарни избори од ланскиот 11-ти октомври, кога благодарејќи на десетици илјади албански гласови во некои изборни единии избегна потежок пораз и да дојде во можност подоцна прифаќајќи ја Тиранската платформа да може формира кревка влада.

Обвинителката Лилјана Спасовска во вторникот побара на повторно одлучување да се врати предметот за случајот за убиствата кај Смилковско езеро во јавноста познат како „Монструм“. Ова всушност значи да се укинат првостепената и второстепената пресуда и да се укинат доживотните затворски казни на осудените. Барањето на јавниот обвинител е поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.

Зекири неодамна најави дека случаите „Сопот“, „Монструм“ и „Диво Насеље“ ќе бидат решени во најбрзо време, и тоа надвор од судовите преку анкетни комисии а случајот „Диво Насеље“ ќе биде решен преку меѓународна комисија.

Освен Зекири, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека и покрај тоа што судењето за терористите од Диво Насеље е пред самиот крај, ќе се бара и вештачење од странски агенции (ФБИ), што најверојатно ќе резултира со констатација дека терористите не се виновни.

Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро изјавија дека биле повеќепати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто. Родителите стојат на ставот дека луѓето кои сега се во затвор се сторителите на свирепото повеќекратно убиство кое се случи на големиот христијански празник Велики Четврток. Според Накевски, притисокот од ДУИ и меѓународната заеднивца го кочело обвинителството и судот за донеување пресуда, а министерот од редовите од ДУИ, Аднан Јашари, немал потпишано ниту еден документ за екстрадиција.

„Господинот Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни пушти порака дека ќе ни ги даде тие пет разговори, државна тајна, тој прво викаше шест, ама ништо од тоа до сега. Пораката од Заев ја имаме и во телефон и испечетано пораката. Неговата гаранција видовте колку вреди“, рекоа.

Во случајот „Монструм“ доживотен затвор им е изречен на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. За Демири и Исмаиловиќ кои беа осудени во отсуство, се уште се чека на екстрадиција од Косово.

Според македонското МВР, убиените отишле да ловат риба на Смилковско Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012. Нивните тела биле пронајдени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари. На истото место, подалеку од четирите тела било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски. Увидот на местото на настанот траеше цела ноќ се до пладне на 13 април 2012 кога телата беа предадени на судските вештаци за обдукција.