На Заев му се заканува затворска казна до три години

Секое ветување подарок или друга лична полза на гласач е кривично дело според Кривичниот законик во Република Македонија и може да се казни со казна затвор до три години.

Редакцијата на портлот Курир до Јавното обвинителство и Државната изборна комисија поставила прашање: „Дали според законот е дозволено сопственици на фирми да им нудат екстра пари на вработени во замена за нивниот глас? “

Одговор досега добиле само од Јавното обвинителство: „Во Кривичниот законик во посебна глава XVI се уредени забранетите дејствија што се однесуваат на кривичните дела против изборите и гласањето. Во рамките на оваа глава е уредено и прашањето за кое покажувате интерес.

А таму во делот поткуп при избори и гласање во член 162, став 1 го пишува следното:

„Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга лична корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Според овој член од кривичниот законик премиерот на Република Македонија пред два дена откри дека бизнисменот Николај Влаканов сторил кривично дело по овој член.

„Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со Влаканов, инвеститорот на ‘Минстрој’, вели ‘Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се остваруваат перспективи’. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат ‘ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата’“, изјави Заев пред кривопаланчани.

Со својот апел, пак, во истиот говор премиерот и сам го прекрши овој член од Кривичниот законик, како што тој кажа апелирајќи до сопствениците на фирмите да им дадат пари на вработените да им дадат пари на вработените за гласање на референдумот.

„Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почестете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе“, кажа Заев во Крива Паланка.

Многумина ова го сфатија како притисок од премиерот до сопствениците на фирмите да им дадат пари на вработените, па покрај тоа што тој самиот го крши законот, наведува и други лица да го направат истото.

За обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев на средба со граѓани во Крива Паланка, „Глас за Македонија“ денес поднесе претставки до Јавниот обвинител на РМ, Државната изборна комисија (ДИК), Државната Комисија за Спречување на корупцијата (ДКСК), Transparency International – Macedonia, Мисијата на ОБСЕ-Скопје.

Ги повикуваме горе наведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив, сите граѓани се еднакви. Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет на закажаниот референдум, будно ќе го следиме, порачаа од „Глас за Македонија“.