На Заеви не им пречи јазикот на БЈРМ

Дека кога станува збор за бизнис, идентитетот и јазикот за Заеви и не се толку важни покажуваат документите од купопродажбата на хациендата, со кои Заеви стануваат сопственици на трикатна куќа до самото Егејско море на Халкидики.

Порталот Пресс 24 денеска  ги објави и преостанатите два договори со кои Заеви станале сопственици на ексклузивната хациенда во Халкидики. Преку нив може да се види дека во ист ден, Заеви склучиле 3 договори на различни суми за продажба на имотот.

Интересно е што во самиот договор, Заеви, ставиле потпис на документ во кој јазикот на Република Македонија се нарекува јазик на БЈРМ. На документот стои потписот на Заеви во кој пишува дека договорот ќе се преведе на два јазика, меѓу кој и јазикот на БЈРМ.

Разликата во цените отвора серија сомнежи за начинот на кој семејството Заеви станува сопственик на овој ексклузивен имот. Останува отворено прашање зошто хациендата е продадена за цена далеку под реалната и дали и кој ја платил разликата од стотици илјади евра и со каква цел?