Набавените 1000 пумпи веќе се во функција во поплавените подрачја

1000 пумпи за испумпување на водата од поплавените куќи се набавени и веќе истите се во функција во поплавените подрачја.

Пумпите веќе се поставени и се работи во Инџиково.

Околу 350 пумпи се веќе распредели и со нив се работи во Инџиково, местото каде што беше последно на удар од водениот бран. Само во Инџиково има повеќе од 1.000 куќи кои што се поплавени.

-Јас се надевам дека за ден до два сите простории ќе бидат испразнети. Ова ќе биде од голема помош за населението, појасни на ТВ Нова градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Екипите на Град Скопје, вели Трајановски, веднаш излегоа на лице место и заедно со екипите на Владата најпрво беа обезбедени патиштата за да може да се движат возилата и механизацијата, за да се спасат и евакуираат луѓето.

-Се евакуираат повеќе од 2.000 луѓе кои што беа во многу критична состојба. Ова што го правиме е максимално што може да направиме и правиме напори да дадеме и повеќе од нашите можности, вели Трајановски.

Во невремето се поплавени околу 5.000 објекти, односно живеалишта на околу 20.000 луѓе.