Набавката на оружје во светот на највисоко ниво од Студената војна

САД и Русија во последниве пет години продале над половина од вкупното оружје набавено во глобални рамки, чија трговија во посочениот период е на најависоко ниво од времето на Студената војна, се наведува во извештајот на Меѓунардониот институт за мировни студии од Стокхолм (СИПРИ).

Како што јави ДПА, вкупниот обем на трговија на оружје во периодот 2012-2016 година се зголемил за 8,4 проценти во споредба со претходните пет години, достигнувајќи највисоко ниво од 1950 година.

Според Институтот, САД се главен извозник на оружје во светот со удел од 33 проценти во глобланиот пазар, при што во изминатива пет години продале оружје и воена опрема во најмалку 100 држави. Најпрофитабилно американско оружје се воените авиони и системите за противракетна одбрана.

На второ место по САД, е Русија, која на светскиот пазар на оружје учествува со 23 проценти и продажба на воена опрема во околу 50 земји. Главни увозници на руско оружје се Индија, Виетнам, Кина и Алжир.

Трета на листата е Кина со удел во светската трговија со оружје од 6,2 проценти, а по неа следуваат Франција, Германија и Велика Британија, покажуваат податоците на СИПРИ.

Според извештајот во изминатиов период се бележи видливо зголемување на продажбата на оружје во Азија, при што главни купувачи се Индија и земјите од Блискиот Исток, каде водечки увозник е Саудуска Арабија.

Индија во периодот од 2012 до 2016 години набавила 13 проценти од вкупниот светски узвоз на оружје, а по неа следува Саудсика Арабија со осум отсто.

Дури 68 отсто од сето оружје што го набавила, Индија го купила од Русија, додека главни добавувачи на воена опрема на Саудсика Арабија се САД, со удел од на 50 проценти, пред Велика Британија и Шпанија.

По овие две земји на листата на најголеми увозници на оружје следуваат Кина, Обединетите Арапски Емирати и Алжир.

Од вкупната продажба на оружје, 43 проценти отпаѓа на земјите во Азиско-пацифичниот регион, по што следува Блискиот Исток со 29 итсто, каде продажбата е двојно поголема во споредба со периодот 2007-2011 година.

На Европа отпаѓаат 11 проценти од вкупната продажба на оружје, по што следува Латиснка Америка, каде главни увовици се Венецуела, Колумбија и Мексико. На петтото место е Африка, каде речиси поповина од новонабавеното оружје стигнало во Алжир.

СИПРИ е независна инстутуција, формирана во 1966 година, која се занимава со следење на продажбата на оружје во светот и други проблеми поврзани со светскиот мир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.