„Набилдајте“ го оптимизмот со овие трикови

Со падот на оптимизмот и расположението започнува паѓањето на мотивацијата за победа на некои препреки. Ако ги промените овие тактики ќе бидете челични и однадвор и одвнатре.

Не е голема тајна дека оптимистите се навистина среќни луѓе. Генерално, кога очекуваме добри работи во животот, поголеми се шансите дека подобро ќе се чувствуваме, а тоа на крај ќе ни даде надеж и ќе бидеме свесни за својот квалитет.

Оптимизмот често се поврзува со животните сатисфакции. Кога сме во такво расположение, не само што ја гледаме иднината во позитивно светло, туку и проблемите се чинат поедноставни и решливи. Кога ќе дојдеме до таа фаза, животот ни се чини поисполнет и со повеќе смисла.

Меѓутоа, доколку често не гледате позитивен исход на ситуацијата во која моментално се наоѓате, време е да почнете да го „вежбате“ својот оптимизам и надежта за посветла иднина.

Следниот пат кога сите бродови ќе ви потонат, направете некоја од овие пет работи.

Мислете позитивно за иднината

Поминете околу 15 минути дневно во размислување за најдобрите можни околности кои ви ја носат иднината. Во тоа вклучете ги вашите цели и соништа. Мечтајте за најдобрите можни сценарија кои ви ги носат идните денови. Овие вежби како медитацијата ќе го подобрат вашето расположение и ќе влијаат на вашата потсвест.

Без конкретни цели и рокови

Секоја вечер, наместо тоа да размислувате што ќе направите следниот ден, фокусот насочете го на три работи кои сакате да ви се случат следниот ден. Одберете една работа и препуштето се на тоа искуство пет минути. На тој начин ќе се ослободите од лошото расположение, емоционалната исцрпеност и песимистичкото размислување.

Сами создадете прилики

Размислувајте на начин самите да создадете одредени позитивни искуства. Тоа може да бидат активности како што се одмор, уживање во природа и дружење со саканите личности.

Потсетете се на убавите спомени

Поминувајте време размислувајќи на убави моменти од минатото во надеж дека и во иднина ќе се повторат. Моментите на носталгија имаат посебно место во нашите срца, спојуваат луѓе и го чинат животот поубав.

Слушајте музика

Сите имаме омилени песни кои моментално ќе ни извлечат насмевка на лицето. Слушајте ги со посебно внимание и поврзете ги со убави спомени кои ќе ви ја поправат самодовербата и расположението, а со самото тоа и ќе го зајакнат вашиот оптимизам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.