Началникот на ГШ на АРМ во посета на Армијата на Обединетото Кралство

За време на посетата, соопшти денеска МО, генералот Величковски ќе оствари официјална средба со началникот на Генералштабот генерал Сер Николас Патрик Картер, што е и прва ваква средба помеѓу началниците на ГШ на двете армии.

Како што стои во соопштението, предвидено е  генералот Величковски и делегацијата на АРМ, да имаат средби и со останати високи воени раководители, како и средба со Амбасадорот на Република Македонија во Велика Британија Јован Донев.

Делегацијата ќе ги посети и oдбранбената Aкадемија во Шривенам и Кралската воена Aкадемија Сандхурст во Камберли.