среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Началникот на ГШ на АРМ во посета на македонските мировници во Авганистан

Воена делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ќе оствари дводневна официјална посета на македонските мировници и на командата на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, ИР Авганистан.

МВ

Последни вести

Воена делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ќе оствари дводневна официјална посета на македонските мировници и на командата на мисијата  „Одлучна поддршка“ во Кабул, ИР Авганистан.

Како што информираат од Генералштабот на АРМ, Генералот Величковски во текот на утрешниот ден ќе оствари официјална средба со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“  генерал Џон  Николсон, како  и средби со одговорните старешини во командата на за обука советување и асистенција на главниот град (КОСАГГ).

РС

За време на престојот во Авганистан на 2ри Август, македонската воена делегација заедно со сите припадници на АРМ од оваа ротација кои се наоѓаат во мисијата  „Одлучна Поддршка“  ќе го прослават  државниот празник Илинден.

Инаку ова е прва посета на македонските мировници и на командата на НАТО предводената мисија „Одлучна поддршка“ од страна на највисокото воено раководство на АРМ од нејзиниот почеток во јануари  2015 година.

Македонскиот контингент го сочинуваат 39 припадници на АРМ кои ги извршуваат должностите во состав на КОСАГГ, силите за обезбедување на главната команда на мисијата  „Одлучна Поддршка“ во Кабул и во командата за обука советување и асистенција север.

Најчитани вести