Нацев: Мафијата владее откако СДСМ дојде на власт

Република Македонија стана школски пример дека мафијата си има своја држава. Поминува тринаесеттиот ден од свирепото убиство на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот. Убиецот е на слобода, а неговото име не смее да се изговори во јавноста, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Откако СДС е на власт мафијата владее. Скопје стана арена на мафијашки пресметки каде единствено важи законот на оружјето. Граѓаните се соочуваат со рекет, владее криминалното подземје, се убиваат млади луѓе, а Оливер Спасовски ништо не превзема во врска со тоа. Спасовски молчи и бега од одговорност. Спасовски со ова намерно одолговлекување на истрагата станува директен учесник во сите криминални дејствија. Криминално мафијашката тајфа која што е на власт на чело со Зоран Заев ја узурпираа државата и ги држи под контрола институциите. СДС и Оливер Спасовски станаа пример како мафијата се инфилтрира во полицијата“, рече Нацев.

„Додека дека граѓаните се опрадано исплашени за својата безбедноста и безбедноста на своите деца. МВР наместо да ги штити интересите на граѓаните, штити убијци и дозволува слободно да се шетаат по улиците. Според гласините кои кружат во медиумите убиецот е близок до власта и еден од првите луѓе на агенцијата за обезбедување ’Омерта секјурити’ која важи за блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев. Владата на СДС и Зоран Заев на граѓаните им донесоа само мрачни сценарија. Со оваа власт нормалното стана ненормално, а ненормалното многу нормално“, додеде претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема да дозволиме политичка мафија СДС, потенцираше Нацев, целосно да го легализира насилството, криминалот, рекетот и убиствата во Македонија и бараме од Оливер Спасовски ако има барем грам морал и доблест во себе, веднаш да си поднесе оставка и да ја препушти функцијата на некој што не би бил во коалиција со криминалот.