Начевски и Николов ќе имаат чест да судат на уште едно големо натпреварување

Двајцата успешно го минаа семинарот што се одржуваше во август во Виена и ќе ја продолжат низата учества на големите натпреварувања како Европски и Светски првенства и Олимписки игри.

На семинарот во Виена учествуваа вкупно 14 двојки, но две од нив отпаднаа од конкуренција и тоа Мажеик и Гателис од Литванија и Лешќински и Пјечота од Полска.

Оние што останаа и ќе ја делат правдата на Европското првенство се:

Гуско/Репкин Белорусија
Губица/Милошевиќ Хрватска
Хорачек/Новотни Чешка
Гјединг/Мадсен Данска
Ралуј/Сабросо Шпанија
Пишон/Ревере Франција
Гајпел/Хелбиг Германија
Столаровс/Лицис Летонија
Начевски/Николов Македонија
Сантос/Фонсека Португалија
Старк/Стефан Романија
Јохансон/Клико Шведска

Инаку, на Европското првенство во Полска ќе учествува и македонската ракометна репрезентација која е во група со домаќинот, Франција и Србија.