Спорт

Начевски и Николов ќе судат на уште еден голем настан

Начевски и Николов ќе судат на уште еден голем настан

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Марјан Николов се најдоа на списокот на ЕХФ за претстојното Европско првенство што во јануари 2016 година ќе се одржи во Полска.

На листата има 14 двојки кои во август ќе присуствуваат на семинар во Виена по што две од нив ќе испаднат од конкуренција, а другите ќе учествуваат на Европското првенство. Со оглед на искуството што го имаат Начевски и Николов од досегашните настапи на големите натпреварувања како Европски и Светски првенства и Олимписки игри, никој не ни помислува дека тие нема да бидат дел од шампионатот во Полска, заедно со македонската репрезентација.

Инаку, Европското првенство во Полска ќе се одржи од 15 до 31 јануари 2016 година. Македонија е во групата во Краков заедно со домаќинот, Полска и Србија.

ЛИСТА НА СУДИИ:

Гуско/Репкин Белорусија
Губица/Милошевиќ Хрватска
Хорачек/Новотни Чешка
Гјединг/Мадсен Данска
Ралуј/Сабросо Шпанија
Пишон/Ревере Франција
Гајпел/Хелбиг Германија
Мажеик/Гателис Литванија
Столаровс/Лицис Летонија
Начевски/Николов Македонија
Сантос/Фонсека Португалија
Лешќински/Пјечота Полска
Старк/Стефан Романија
Јохансон/Клико Шведска

Извор: Спортмедиа.мк