Началникот Горанчо Котески во прва официјална посета на војската на Литванија

Ова е прва официјална посета на Началник на ГШ на АРМ на ВС на Република Литванија.

„Денес, на средбата беше разгледана билатералната воена соработка  и нејзиното проширување помеѓу двете армии, искуствата од трансформацијата и учеството во меѓународните мировни операции и можностите за користење на капацитетите за обука“, информира Генералшатбот на АРМ.

За време на престојот во Вилнус, генералот Котески се сретна и со министерот за одбрана на Република Литванија, Јоузас Олекас, а ќе ги посети полкот за обука на копнените сили и механизираната пешадиска бригада ,,железен волк“.

ГШ на АРМ вели дека посетата на ВС на Република Литванија се очекува да  даде соодветен придонес кон јакнењето на билатералната воена соработка со ВС на Република Македонија, како и во поддршката на Република Македонија за полноправно членство во НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.