Началникот на ГШ го прими амбасадорот во заминување Волерс

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Горанчо Котески денеска го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија во заминување Пол Волерс.

На средбата, соопшти Министерството за одбрана, генералот Котески изразил благодарност за досегашниот придонес и ангажман на амбасадорот Волерс, во унапредување на билатералните односи и интензивирање на соработката меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД.

Тој искажал очекување дека соработката во оваа сфера ќе продолжи и ќе се продлабочи, особено помеѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт.

Началникот на ГШ на АРМ се заблагодарил и за постојаната и силна поддршка што САД ја даваат во однос на прием на Република Македонија во НАТО.

Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, генералот Котески на амбасадорот Волерс му посакал успех во натамошната работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.