Начевски и Николов ќе бидат “главни” на мечот помеѓу Германија и Катар

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на четвртфиналниот дуел на Светското ракометно првенство помеѓу Германија и Катар.

Натпреварот кој се игра со почеток во 16:30 часот, ќе биде од особено значење за домашната репрезентација на Катар, бидејќи со евентуална победа, секој од ракометарите ќе добие 1.000.000 долари, луксузен стан во Доха и најнов модел “Масерати”.