Начинот на кој спиете со партнерот говори многу за вашата врска

Верувале или не, но од положбата во која спиете со вашиот партнер може да се извлечат одредени заклучоци.

Истражувањата покажале дека двојките кои спијат прегрнати или сосема доближени еден до друг се многу посреќни во врската од оние кои спијат на спротивните страни од постелата.

Истражувањето кое било спроведено во Англија опфатло 1 000 испитаници. Тие одговарале на прашања за нивните навики во спиењето со нивните партнери. Како и што се очекувало, 86 отсто од испитаните кои спијат сосема блиску еден до друг, изјавиле дека сме многу задоволни во врската. Околу 66 отсто од оние што рекле дека спијат на повеќе од 50 сантиметри оддалеченост рекле дека се задоволни од односот со партнерот.

Исто така, 94 отсто од оние кои цела ноќ се во допир со партнерот рекле дека се среќни, а 66 отсто од оние кои спијат одвоено го рекле истото.

Ова, секако не значи дека треба веднаш да кревате паника доколку спиете оддалечени, но е добра препорака да се приближите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.